Вчеравечер, во Музејот Метрополитен во Њујорк, се одржа еден од најголемите настани каде што во фокусот е модата. Темата оваа година беше "Градината на времето" (The Garden Of Time), инспирирана од кратката приказна на Џејмс Греам Балард од 1962-ра година. Според тоа, очекувани беа цветните дизајни, но како и секогаш некои од гостите отскокнуваа од зададениот дрес код. Темата за оваа година беше избрана специјално да ја надополнува претстојната изложба на американскиот Институт за костими "Заспаните убавици: будењето на модата" (Sleeping Beauties: Reawakening Fashion), која ќе биде поставена во музејот од 10-ти мај до 2-ри септември. Критичарите ја искоментираа овогодинешната тема како истражување за повторното раѓање и обновување, како и за тенденцијата на човештвото кон циклуси на создавање и уништување.

Во галеријата во продолжение погледнете некои од највпечатливите ѕвезди кои се појавија на ова издание.

Фото: Getty Images

Објавено:
7 мај 2024
Категорија: 
Фото галерија
Тагови: 
Мет Гала