Викендов, по петти пат се одржа манифестација Governers Awards, во Лос Анџелес, каде присуствуваа голем број познати личности од шоубизнисот, а почесниот Оскар за хуманитарна работа и припадна на Анџелина Џоли.
За време на манифестацијата, на 38-годишната холивудска ѕвезда ѝ беше врачена специјалната награда за хуманост „Џин Хершолт“, наречена по данскиот актер кој беше еден од најактивните филантропи во Холивуд. Наградата ѝ ја врачи режисерот Џорџ Лукас, а говорот за нејзината работа го одржа актерката Џина Роуландс.
- Дури откако почнав да патувам сфатив колкава одговорност имам кон другите. Кога се сретнав со лица коишто преживеале војни, глад, силувања..., сфатив како живее мнозинство луѓе на оваа наша планета и го спознав фактот дека сум среќна што имам што да јадам, покрив над главата, сигурно место на коешто живеам и среќа што имам здраво семејство", изјави Џоли, која на манифестацијата дојде во придружба на сопругот Бред Пит и синот Медокс.
На свечената церемонија беа доделени уште три почесни Оскари и тоа на актерите Стив Мартин и Анџела Лансбери и костимографот Пјеро Този, за своите достигнувања во филмската индустрија.
Инаку, Џоли својот прв Оскар го доби за најдобра актерка за споредната улога за филмот „Girl, Interrupted“ од 1999 година.
Освен со својата работа, Анџелина го привлече вниманието и со изгледот, и раскошната црна тоалета, а во продолжение погледнете кој се присуствуваше на свеченоста и каков беше модниот избор на познатите.