Легендарниот супермодел Наоми Кемпбел заблеска на црвениот тепих во Кан во тоалета која што ја носеше пред точно 28 години.
Наоми, 54 која уште од првото појавување ги освои модните писти, дизајнерите и привлече огромен број на фанови изгледаше неверојатно во стајлинг зад кој стои модната куќа Шанел.
Црниот фустан со светки и бисери ја истакна нејзината совршена фигура, а зад самата идеја стои стилистот на славните Ло Роуч, кој е одоговрен и за модните решенија на Зендаја.
Наоми за прв пат го облече легендарниот фустан во 1996-та промовирајќи ја колекцијата есен зима 1997 на Шанел.
Она што најмногу воодушевува кај него е неговиот спирален ефект којшто само ја потврдува генијалноста на големиот Карл Лагерфелд, кој беше на чело на францускиот бренд.
View this post on Instagram
Фото AP Images