Годинешните Tony Awards за прв пат се одржаа во центарот Линколн во Њујорк.
Престижната манифестација која им оддава почит на најдобрите достигнувањата во театарот, се одржа по 77-ми пат.
Актерката Ариана Дебос по трет пат ги водеше наградите, а ѕвездата од Хари Потер, Даниел Ратклиф, заедно со Џереми Строн, Сара Пулсон и Аџелина Џоли ги освоија своите први Тони признанија.
Џоли на црвениот тепих се појави со својата 15 годишна ќерка Вивиен, а двете дами носеа креации во зелени нијанси.
Вниманието исто така го привлекоа и младата актерка Ел Фенинг во елегантна црна тоалета на Сан Лоран, како и Рејчел Мекадамс во свилена полупровидна креација.
Пејачката Алиша Кис носеше црвен фустан и ракавици со потпис на Гучи, а легендарната Брук Шилдс се појави во впечатлива жолта тоалета и крокс влечки во иста нијанса, што беше големо изненадување за присутните.
Дел од изданијата на црвениот Tony Awards тепих во продолжение.
Фото:Getty