Во петокот, на 12-ти јули, свечено беше отворено 64-тото издание на фестивалот Охридско лето. На сцената на Античкиот театар во Охрид, прекрасната Татјана Стојановска која се појави како водител заедно со Борис Тноковски, носеше прекрасна креација од нашиот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА.
Татјана Стојановска блесна во огнено црвена креација од ЕЛЕНА ЛУКА која совршено прилегаше на нејзината грациозност и шарм, а со елегантниот шлиц во долниот дел идеално беше исткајана елегантноста што доликува на еден ваков свечен настан.
Нежното деколте, пак, кое е прекрасно искреирано со спуштените ракави и дополнително - деталите со камења и монистри во делот на струкот, даваат чувство на отменост и префинетост што како и секогаш се главен белег на ЕЛЕНА ЛУКА.
Моќната креација на модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, како и секогаш досега, покажа дека е совршениот придружник на дамите за вакви гламурозни настани од огромно значење за Македонија.
Фестивалот Охридско лето ќе се одржува до 20-ти август на повеќе локации во Охрид.