Среќен роденден Кара Делевињ

12 август 2024

Кара Делевињ денес полни 32 години.

Едно од најпрепознатливите лица во моделингот е родена во Лондон, а потекнува од семејство на благородници.

Нејзината специфична убавина освен многу ангажмани два пати и ја носи и титулата модел на годината во Велика Британија, во 2012 и во 2014.

Кара беше дел и од Викторија Сикрет што дополнително ја зголеми нејзината препознатливост.

Делевињ има остварено соработка со најдобрите модни брендови, вклучувајќи ги Burberry, Chanel, Moschino, Oscar de la Renta и Stella McCartney.

Покрај моделингот Кара се има појавено и во неколку филмови како Anna Karenina, The Face of an Angel, Paper Towns, Suicide Squad, Tulip Fever и други.

Делевињ исто така има и дизајнирано облека за DKNY и Mulberry.

Таа отворено зборува и за нејзиниот приватен живот, анксиозноста и начинот на кој се справува со тешките моменти.

Денес во нејзина чест одвојуваме неколку прекрасни изданија од црвениот тепих и модната писта.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
12 август 2024
Категорија: 
Сцена