Александар Ванг го отвори својот прв Баленсијага продажен салон

20 ноември 2013

balenciagabutik1

За Баленсијага ова е прв голем салон од ваков тип откако на чело на модната куќа застана Александар Ванг, кој заедно со дизајнерот за ентериери Рајан Корбан ја смислија цела внатрешност.

„Инспирацијата ја црпев од времето кога клиентите кои се обожаватели на високата мода можеа да уживаат во раскош при купувањето. При одењето на шопинг клиентите не би требало да се брзаат и буткаат во гужва, туку треба да уживаат во секое парче поединечно“ – изјави Ванг за магазинот Т.

Продажниот салон ќе биде на два спрата, внатрешноста е изработена од полиран мермер од типот Verde Ramegiatto, кој најчесто се користи во музеите. Александар Ванг сакал да направи спој на старото и новото во еден безвременски простор, а салонот ќе биде во квартот каде што се наоѓаат продажните салони на Марк Џејкобс, Филип Лим и Проенза Шулер.

Објавено:
20 ноември 2013
Категорија: 
Сцена