IMG модната агенција со нов концепт на работа

27 ноември 2013

 

 

За IMG модната агенција конституцијата  повеќе не е важна, нејзина нова цел е промоција и презентирање на жените без разлика на нивната линија, раса и возраст.

 

 

Според одговорните на IMG модната агенција, премногу долго време моделите се водат по стандардниот критериум: слаби, високи и тенки. Секоја сезона во фокусот на јавноста се модните недели каде дизајнерите имаат ексклузивна можност да ги презентираат своите колекции кои се во стандардна големина и никогаш не можат да ги носат жените кои имаат барем и два килограми вишок. Затоа, IMG, која важи за една од најдобрите модни агенции во светот реши да го скрши мразот и да ја сруши стереотипната бариера која веќе долги години царува во модниот свет, со цел да внесе свежа агенда врз основа на која треба да функционира модната индустрија, а тоа е да стане првата агенција која нема да ги рангира жените според тежината, расата или возраста. Проект за почит!

 

Иван Барт Иван Барт

 

Нивниот потег во суштина е да ги релаксираат правилата со кои може да се стане манекенка, а тоа треба да донесе што поголема разноликост во индустријата и доколку се случи тоа бенефит од ваквата работа ќе имаат сите.

Постариот заменик претседател и генерален директор на IMG, Иван Барт, неодамна даде изјава на Cosmopolitan.com, каде се изјасни  за целосната реализација на овој проект.

 

 

Говорејќи во рамките на Самитот за кариера, кој го организира Космополитен списанието, Советот на модни дизајнери и одговорните во компанијата Ланком, Иван рече:

„Ние само сакаме да ги претставуваме најдобрите. Со овој нов начин на размислување креираме нови хоризонти во светот на модата. Им велиме на жените да бидат свои, да бидат она што сте. Тоа е вистинското, и тоа е она кое нас ни треба!“

 

Жизел Бундшен Жизел Бундшен

 

Агенцијата веќе ги застапува некои од најпознатите иконски модели на планетата, вклучувајќи ги Жизел Бундшен, Карли Клос, Кејт Аптон, Џоан Смалс, Шанел Иман и Алек Век. Ова се девојки кои секогаш имале отворен ум и искрен пристап кон она што го работат, затоа се секогаш и чекор понапред од другите.

 

Кина Мачадо Кина Мачадо

 

Тие веќе имаат соработка со 83-годишната манекенка Кина Мачадо, која е заштитно лице на Кол Хан.

„Неверојатно е како таа жена со 83 години има многу повеќе енергија од останатите кои ги познавам“, вели Иван.

 

Кина Мачадо Кина Мачадо

 

IMG, сака да продолжи со ширење на своето семејство на различни начини, насекаде низ светот. Во моментов тие се репрезенти на некои од најпознатите Африкански, Американски, Бразилски и Азиски манекенки.

„Се трудиме да пронајдеме жени кои имаат различна убавина, со различен сензибилитет“, додава Иван.

 

Кина Мачадо Кина Мачадо

 

Иван е свесен дека за да се прошири спектарот на агенцијата ќе треба време, труд и макотрпна работа, бидејќи модниот свет малку потешко прима новини во својата агенда.

Гласините дека Лена Данам ќе се најде на насловната на Vogue ја раздвижи заспаната модна машинерија, која полека но сигурно се подготвува да проба нешто „ново“ и поразлично.

 

Кина Мачадо Кина Мачадо

 

Апелот на IMG агенцијата се однесува до сите кои директно или индиректно се поврзани со модата, а тоа „Што поскоро да ги прифатат жените во сите форми, големини и раси!“

 

Објавено:
27 ноември 2013
Категорија: 
Актуел