Гвен Стефани е трудница со уникатен стил

30 ноември 2013

Иако се уште не ја потврди бременоста,  таа е видлива. Пејачката Гвен Стефани го очекува третото дете со сопругот Гавин Росдејл. Иако е во блажена состојба, славната пејачка треба да биде пример вреден за копирање од сите трудници. Таа поседува посебен талент за избор на облека, кој е впечатлив во секој поглед.

Интересни бои, принтови и текстури, стил помешан меѓу спортско и класично, очигледно Гвен ги следи трендовите, но не слепо. Нејзините комбинации се оригинални и инспиративни, затоа ако сте во блажена состојба пробајте да украдете нешто од нејзиниот стил.

Објавено:
30 ноември 2013
Категорија: 
Сцена