Бијонсе ги изнајмува фустаните за пари

25 мај 2013

Како пренесува магазинот „Вог“, Бијонсе на веб страницата наменета за изнајмување на фустани од модните писти „Rent the runway“ ги понудила и своите тоалети.

На обожавателите на „Beyonce Boutique“  на оваа страница им нуди гламурозни креации со светки и монистра, а се со цел нејзините фанови да го доживеат „ултимативното Queen B искуство“.

-Отсекогаш сакав да им помогнам на жените да се чувствуваат подобро. Поради тоа идејата за соработка со страницата „Rent the runway“ ми изгледа како одлична и очекувана- изјави Бијонсе за магазинот.

Цените се движат од 200 до 4.000 долари, а најскапи се гламурозните тоалети со потписот на пејачката.

 

 

 

Објавено:
25 мај 2013
Категорија: 
Актуел