Што треба да знаете пред да станете русокоса?

4 декември 2013

Доколку дефинитивно се решите да ја осветлите косата, тогаш прво осигурете се вашата коса да биде негувана бидејќи оштетените врвови секогаш ќе бидат во различна нијанса од остатокот од косата. Снежно белиот ефект на коса се постигнува само со бланш, а потоа е неопходно да се користи балсам кој ќе ја хидратизира косата и нема да дозволи вашата коса да биде сува. Избегнувајте шампони во боја кои може да влијаат на нијансата на косата и оние кои содржат алкохол во себе бидејќи полесно ќе го исушат влакното.

Доколку правите драстична промена од бринета во русокоса треба да бидете спремни дека на почетокот ќе изгледате „анемично“. За да не дојде до овој ефект подобро би било на почетокот да ја нијансирате косата во костенливи нијанси или мед боја. Исто така, кога ќе ја промените бојата на косата, треба да ја промените и шминкате, односно избегнувајте ја јаката шминка и нанесувајте топли нијанси.

Мини тест – доколку исполнувате два од трите услови тогаш веројатно одлично ќе изгледате како русокоса.

1. Доколку како дете сте имале светла нијанса на коса, тогаш имате основа и во подоцнежните години да бидете русокоса, благодарение на бојата на вашата кожа.

2. Можност и средства за одржување на косата кои се неопходни за сите оние кои често ја фарбаат косата, а особено за оние со светла нијанса.

3. Сакате да бидете магнет за мажи! Не е непознато дека русокосите девојки привлекуваат најголемо внимание, а тоа е докажано и со истражување кое потврдило дека русокосите девојки се најчест избор на мажите ширум светот.

Објавено:
4 декември 2013
Категорија: 
Убавина