Празнична забава на Стела Мекартни во чест на Лив Тајлер

7 декември 2013

Британската дизајнерка и ќерка на легендарниот Пол Мекартни, Стела Мекартни организираше празнична забава во нејзиниот изложбен салон на Менхетен во чест на Лив Тајлер.

Имено, главната причина за посветата е новиот прирачник  за убавите манири кој актерката Тајлер го напиша заедно со нејзината баба Дорота Џонсон, а е насловен „Modern Manners: Tools to Take You to the Top”.

Меѓу присутните кои наздравија за новиот ангажман на Тајлер беа и познатите соработници и блиски пријатели: Селма Хаек, Рони Вуд, Елизабет Глипин, Сиена Милер и други.

Еве ја атмосферата:

Лив Тајлер со нејзината баба Дорота Џонсон

 

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Сцена