Русинките ќе ја носат последната британска мода

15 ноември 2014

Долгоочекуваниот втор монобренд за чевли и плетива на Стела Мекартни се отвори во срцето на градот Москва, во близина на хотелот Метропол. Новата продавница зафаќа површина од 153 квадратни метри и во неа се изложени зимските колекции за жени и деца. Креативниот тим на модната куќа се одлучи за светли бои и концизна форма со особен акцент на високите тавани со своден облик. Ѕидовите и подот се целосно изработени од мермер кој претставува спој од бели и сиви нијанси. Стаклото за излозите е специјално направено за продавницата и е увезено директно од Фиренца, Италија.

Покрај Версаче, Гучи, сега модерните Русинки ќе можат да уживаат и во модните приказни на Мекартни која ужива навистина голема популарност меѓу Русинките.

Стела Мекартни Стела Мекартни

Потврда за одличната работа и големиот успех на британската дизајнерка е и добивањето на Women's Leadership Award - награда за непроценлив придонес во модната индустрија. Имено, изминатата ноќ во Линколн Центарот во Њујорк, се одржа наградната церемонија Women's Leadership Award. На црвениот килим продефилираа голем број познати личности меѓу кои Јоко Оно, Пол Мекартни, Лив Тајлер, Дру Баримор, Лук Еванс и други кои ќе ги видите во фотографската галерија која следи.

Објавено:
15 ноември 2014
Категорија: 
Сцена