За WOW на неделата ја избравме Амбер Ле Бон која на црвениот килим се појави во фустан од Мариос Шваб, чевли од Николас Кирквуд и клач чанта од Smythson. Амбер изгледаше исклучително сексипилно во креацијата која дефинитивно бара храброст за носење поради длабокото деколте, кое ни најмалку не изгледаше вулгарно на неа.

За LOL на неделата ја избравме Гвинет Палтроу која  носеше креација на Прада. Иако доделувањето на Британските модни награди е место каде може да се сретнат различни креации, сепак не значи дека сите направиле правилен избор на аутфитот. Таков е и случајот со актерката која во однос на телесната структура направила лош избор на креацијата, како во однос на боите, така и во однос на формата.

Објавено:
11 декември 2013
Категорија: 
Без категорија