Скијачки гондоли со потпис на Шанел
•
10 декември 2013
Илустрациите на Карл Лагерфелд со симболот на Коко Шанел, поларната мечка и сегменти од колекцијата на модната куќа Шанел ги украсија скијачките гондоли на ски центарот Корчевел лоциран на француските Алпи. Со ова Шанел ги повикува сите љубители на зимските спортови и ентузијасти да го посетат новиот поп-ап бутик на овој моден бренд кој ќе биде отворен на 14 декември. Во продавницата освен облека ќе се продаваат и скии, сноуборд даски и други модни додатоци кои ќе го носат логото на Шанел, а ќе ви бидат неопходни ако сакате да скијате со стил како вистинска модна икона.