Нов продажен салон на Виктор и Ролф во Париз
•
13 декември 2013
Масивниот продажен салон се протега на 7 000 квадратни метри, а ентериерот е дело на Пјер Беклер и Жан Кристофер Поџоли. Во новиот салон ќе се најдат женската ready to wear линија, чанти, чевли, кожена галантерија, селектирани машки колекции и лимитирана едицијана облека и парфеми.
Продажниот салон кој претставува вистинска авангардна оаза е буквално во стилот на дизајнерите кои по овој повод изјавија – „Париз отсекогаш сме го сметале за наш дом и токму поради тоа сме пресреќни што отворивме продажен салон токму тука“ .
Во продолжение погледнете го фантастичниот ентериер на новиот продажен салон на Виктор и Ролф.