Миуча Прада дизајнираше мини колекција за Dover Street Market

14 декември 2013

Миуча Прада дизајнираше мини  колекција за Dover Street Market чија нова подружница се отвора наскоро во Њујорк, а каде Прада ќе биде застапена во голем изложбен дел. Освен мини колекцијата која се состои од 12 парчиња, на отворањето ќе биде преставена и прес-есенската колкција за 2014 година.

Мини колекцијата вклучува здолништа, капути, чевли, плетени блузи и три чанти во претежно смеѓо-црно-зелени тонови. На етикетата од парчињата наместо вообичаеното име, ќе стои „Prada Dover Street Market New York".

 

Објавено:
14 декември 2013
Категорија: 
Актуел