Стилска ретроспектива на модната историја кај Бонд девојките

17 декември 2013

Бонд... Џејмс Бонд!“ е легендарната реплика која светски познатиот агент 007 ја изговара во скоро секое продолжение од филмовите. Но, тајниот агент кој е познат по убавите партнерки што глумат рамо до рамо на филмското платно, својата слава им ја должи токму нив. Тие станаа легендарни икони и најпосакувани убавици насекаде низ светот. Но, на светот во наследство не им го оставија само  талентот и убавината, туку и неверојатните креации на облеки, кои се шиеја токму за нив. Возбудлива ретроспектива која крие многу стилски трансформации. Еве како се ткаеше модната историја за стилот на Бонд девојките:

 

Хани Рајдер (Урсула Андрес) во„ Dr No“ од 1962 година

Хани Рајдер Хани Рајдер

Таа е една од првите Бонд девојки. Актерката со швајцарско потекло ќе остане запаметена по сцената  каде таа се појавува во бело бикини на плажа. Нејзината заводлива прошетка низ брановите подоцна уште еднаш во едно од поновите изданија на филмот ја повтори во истиот стил Хали Бери, но никој и ништо не може да го замени оригиналот. Овој модел на бикини остана достоен пример и симбол на сексапилност што ги одбележа 60-те.

 

Тифани Кејс ( Џил Саинт Џон) во „Diamonds Are Forever“ од 1971 година

Џил Саинт Џон Џил Саинт Џон

Оваа „злобна и по малку ѓаволеста“ девојка која го носи името на омилениот бренд за накит скоро на сите жени во светот Тифани, во улогата како крадец на дијаманти покажа неверојатен стил кој се одликува со геометриски принтови и кроеви, сакоа, фустани со високо зашиени јаки изработени од тантела. Ако има тајна формула со која Бонд девојките ги освојуваат мажите, тогаш тоа е дефинитивно облеката и начинот на кој ја носат. Бикинито и долгите елегантни тоалети се заштитен знак со кој тие ги покоруваат и освојуваат туѓите погледи.

 

Ања Амасова (Барбара Бах) во „The Spy Who Loved Me“, од 1977 година.

Барбара Бах Барбара Бах

Барбара Бах е дефинитивно една од најубавите Бонд девојки на кои се сеќаваме. Во средината на седумдесеттите Ања беше една од најегзотичните и моќни жени кои се појавија на екранот. Таа беше единствената што коренспондираше со енергијата на Џејмс Бонд и во начинот на борба и во енергичното водење љубов, но и во модниот стил. Во улога на мајор на руската армија Ања стана гламурозен партнер во тајните мисии на Бонд. Олицетворение на класичен хипи стил, кој вклучува носење капчиња, но и елегантни вечерни тоалети што ја следат женската силуета во боја на вино и морнарско сина, кои во комбинација со нејзините брановидни кадрици направија таа да биде најпосакуваната Бонд девојка во тоа време.

 

Биби Дал (Лин Холи Џонсон) во „For Your Eyes Only“, од 1981 година

Биби Дал Биби Дал

Во продолжението за агентот 007, насловено „For Your Eyes Only“, продуцентите му ја претставија на светот најмладата Бонд девојка на која и го дадоа името Биби Дол, кое е во совршена корелација со фразата (baby doll). 22 годишната убавица се обиде да го заведе агентот во неколку наврати, но тој постојано ја одбиваше. За време на нејзините мисии Биби ќе остане запаметена по своите долги палта, а особено црвениот војнички капут кој ги освои симпатиите не само на модните критичари, туку стана фаворит број еден и најпосакувано парче гардероба во тоа време.

 

Пуси Галоре ( Онор Блакман) во „Goldfinger“, од 1964 година.

Пуси Галоре Пуси Галоре

Втората најпопуларна Бонд девојка по Хани Рајдер според една неодамнешна анкета е Пуси, која во филмот беше лидер на организираната криминална банда на провалници. Пуси е всушност хомосексуалка, но нејзиниот стил не е помалку женствен од  претходните колешки, а Бонд уште еднаш беше маѓепсан од нејзината сензуалност. Гардероба се состои од класичен, добро прилагодлив стил, вклучувајќи ги црните и златните нијанси во сите модели.

 

Домино Дервал (Клодине Оугер), во „Thunderball“, од 1965 година

Домино Дервал Домино Дервал

Карактеристично кај ликот на Домино беа црно-белите парчиња облека. Бонд ја среќава оваа убавица на Бахамите додека е во потрага по украдени нуклеарни проектили. Таа извршува предавство со цел да му помогне на нејзиниот татко, носејќи облека која секогаш ја истакнува нејзината совршена фигура и идеална линија на телото. Едноставниот стил и елегантната гардероба помогнаа во истакнување на нејзината убавина и сексапил, особено во сцената кога носи костим за капење во зебраст принт.

 

Солитер (Џејн Сејмур), во „Live and Let Die“, од 1973 година

Џејн Сејмур Џејн Сејмур

По поминување на само една ноќ со неодоливиот агент Солитер, успева да се ослободи од нејзиниот егоистичен шеф. Облечена за да го убие во нејзините оригинални макси фустани во црвени и тиркизни бои, со лабаво пуштена коса, промовира шик хипи стил кој ги одбележа 70-те години на минатиот век.

 

Мери Гуднајт (Брит Екланд), во „The Man with the Golden Gun“, од 1974 година

Брит Екланд Брит Екланд

На оваа актерка прво и била понудена друга улога, се додека продуцентите не ја видоа во бикини, па приказната отиде во еден друг правец, давајќи и можност на Брит Екланд да влезе во историјата како една од фамозните Бонд девојки.

Нејзината бушава коса, полни усни, летните фустани, бисерните обетки, го изградија ликот на Мери слатката убавица која не му одолеа на агентот, но и тој не беше воопшто рамнодушен на нејзината убавина.

Објавено:
17 декември 2013
Категорија: 
Сцена