Ава Макс: Девојка за која светот допрва ќе слуша!

14 март 2019

Ава Макс е уште една од супер успешните млади пејачки кои го освојуваат светот со ултра „заразни“ хитови и уникатен стил.

Mtv com

Нејзиниот хит „Sweet but Psycho“ за кратко време стана најслушан во повеќе од 17 земји, а оттогаш кариерата на пејачката оди само по нагорна линија.

Billboard

Покрај со хит песните, таа ја освои публиката и со нејзиниот специфичен стил во кој секогаш вклучува секси дизајнерски парчиња, како на сцената, така и во приватниот живот.

Tidal

Препознатлива е и по нејзината асиметрична руса коса која дефинитивно стана нејзин заштитен знак, но и по тоа што многумина ја споредуваат со Лејди Гага.

Пред светот да ја запознае преку хит синглот „Sweet but Psycho“, таа има соработувано со познати музичари меѓу кои и Дејвид Гета, а има лансирано и неколку други хитови.

Warner Music Australia

„Целиот мој живот е брканица. Кога имав 14 години, со мојата мајка се преселивме во Калифорнија за да можам да учествувам во некои музички натпревари. Таа година имавме многу разочарувања бидејќи работите во Лос Анџелес не одат како што сте си замислувале. Потоа се преселивме во Јужна Каролина, па на 17 години заминав да живеам заедно со брат ми. Постојано трагав по нови можности во музиката. По долги години борба, конечно ги запознав вистинските луѓе“, вели 24 годишната пејачка.

E Magazine

Во случајов, тоа бил канадски продуцент кој има работено со Ријана, Кејти Пери и Џеси Џеј со кој почнале да пишуваат песни и да ги објавуваат на Sound Cloud. По само неколку синглови, музичките куќи веднаш почнале да ја бараат за да работат со неа.

Инаку, како и Дуа Липа и Биби Рекса, и Аманда Ава Кочи има албанско потекло, а нејзините родители се преселиле во Америка за време на тамошната војна.

Galore Magazine

„Тие заминале во Париз некаде во 90 – тите и живееле во црква цела година. Животот бил многу тежок за нив, сè додека не сретнале една госпоѓа која успеала да им најде пасоши и се преселиле во Висконсин каде сум јас родена. Гледав како целиот живот се борат, работејќи три работи истовремено. Денеска, среќна сум што јас можам да го работам ова“, додава пејачката, велејќи дека многу сака да му помага на нејзиното семејство и воопшто на сите на кои им е потребна помош.

GayTimes

Ќе каже дека оваа година сака да го лансира нејзиниот прв албум со кој ќе покаже една сосема друга страна од онаа која ја видовме во „Sweet but Psychо“ и дека целосно сака да им се посвети на нејзините обожаватели кои секојдневно ја радуваат со бројни пораки.

Headline Planet

Инфо: belfasttelegraph.co.uk

Објавено:
14 март 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
748 пати