Погледнете ја пред есенската колекција на Фенди за 2014

15 декември 2013

Силвија Фенди и Карл Лагерфелд за пред есенската колекција за 2014 година создадоа навистина интересни асиметрични парчиња во прекрасни бои.

Колекцијата е составена од фустани со интересна комбинација на бои, волуменозни палта и капути како и панталони и здолништа со висок струк.

Во однос на боите, Фенди за есен 2014 – та одбраа пред се темно црвена боја, сива, бела, црна и сина.

Што се однесува до модните додатоци, од модната куќа следната есен ќе не разгалуваат со модерни кожени чанти, шик крзнени чизми и прекрасните и неизбежни бушави привезоци.

Објавено:
15 декември 2013
Категорија: 
Колекции