Џенифер Лоренс вели дека ако за некого кажете дека е дебел на телевизија, тоа треба да се смета за „илегално“. Актерката чиј изглед беше критикуван од страна на Џоан Риверс во нејзината модна емисија каде се делат критики на сметка на славните, јавно ја обвини авторката на дека на помладите генерации им прикажува искривена слика за вистинските вредности.
-Ако на телевизија може да се регулира емитување на нешта поврзани со цигарите, сексот и други термини кои се цензурираат, тогаш зошто да не може да се цензурира и ако одредена личност упатува навредливи зборови и искривена слика за реалноста, изјавува Џенифер Лоренс.
Според актерката, водителката Риверс постојано ги исмејува луѓето, а медиумот треба да има обврска тоа да го регулира. За Лоренс, начинот на кој Џоан Риверс упатува негативни критики е крајно некоректен, зашто таа всушност упатува директна навреда кон сите луѓе.