Кара Делевињ е најпребарувано модно име за 2013

19 декември 2013

Моделот и актерка Кара Делевињ ја заокружи нејзината успешна година со признанието за најпребаруваното модно име во модната индустрија за 2013 година според Zeitgeist листата.

Од Гугл потврдија дека манекенката минатата година била најпребарувана модна фигура во Велика Британија.

На второто место на листата се најде британскиот дизајнер Пол Смит, а на третото контроверзната Вивиен Вествуд.

Дизајнерката Викторија Бекам се најде на четвртото место на листата најпребарувани модни фигури за 2013 година. Останатите места на листата ги зафатија Кејт Мос, Роси Хантингтон Вајтли, Александар Меквин, Алекса Чанг, Вера Ванг и Наоми Кембпел.

Покрај ова признание, Кара Делевињ беше прогласена и за манекенка чии фотографии беа најсподелувани на мрежата Tumblr.

Објавено:
19 декември 2013
Категорија: 
Актуел