Терапија од бои на Луис Греј
•
27 декември 2013
Луис Греј е еден од најуникатните лондонски дизајнери, а во центарот на неговите модни изрази се бојата и дезените. Колку и да изгледаат неговите модели смели и само за на писта, тие сепак остануваат носливи.
Така, токму во негов стил беше насловена и колекцијата за есен-зима 2013/14 „Hey Crazy“. Многумина во оваа колекција препознаваат разиграна улична мода, што се граничи со карневалската.
Едноставни кроеви но со необична комбинација на дезени, текстура и бои ги прават впечатливи, но посебен печат даваат ексцентричните и екстравагантни модни додатоци - тоалетна хартија, кеса и сл.
Според креациите, а со тоа и визијата на Греј, зимата е се, само не тмурна и здодевна.
Погледнете.