Што да облечете денес?
•
30 декември 2013
Последниот понеделник од 2013-та изберете да облечете формална, елегантна и женствена комбинација во која главниот збор ќе го има црвената боја. Одлучете се за пенкало здолништето со висок струк во црна боја, надополнето со транспарентна кошула со принт од црни точки. Оваа комбинација е одлична како за дневна варијанта така и за вечерно излегување со тоа што наместо црните чизми до глужд за преку ден, за вечерта облечете впечатливи пастелни или црни салонки на висока потпетица.