За WOW на неделата ја избравме Кејт Бланшет која на доделувањето на наградите Film Critics Circle во Њујорк се појави во феноменална креација во металик нијанса со волуменизирано асиметрично здолниште со црвена подлога од Антонио Берарди. Изгледот го надополни со црни салонки од Кристијан Лубутан кои одлично се вклопија во целосниот аутфит.

За LOL на неделата ја избравме Хајли Стенфилд која се обидела да направи интересна комбинација на принтови, но сепак за тоа можеби требала да се советува со соодветни лица. Горниот и долниот дел од аутфитот воопшто не се компатибилни и не формираат една уникатна целина. Врв на целата комбинација се чевлите од Robert Clergerie кои дефинитивно подобро би стоеле на некоја покласична комбинација.

Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Без категорија