Ова се најмодерните заштитни кациги во американскиот фудбал

8 јануари 2014

Дека модата не познава ограничувања доказ е и новиот проект кој го вклучува зелениот фудбалски терен како нов предизвик за модните дизајнери.

Дел од водечките имиња во Здружението на американски модни дизајенри во соработка со Националната фудбалска лига, по повод  48-от по ред спектакуларен спортски настан  во Американскиот фудбал, Супер бол кој годинава ќе се одржи на втори февруари во Њу Џерси, креираа симболични 48 уникатни заштитни кациги со моден предзнак.

На 15-ти јануари сите ќе бидат ставени на аукција од која собраните средства ќе бидат донирани во фондацијата на американскиот фудбал.

Дона Каран, Никол Милер и Мрчеза се само дел од дизајнерските имиња и брендови кои со изработка на шик и ултра модерни заштитни кациги, ја поддржаа една од најпопуларните спортски дисциплини.

Во изработката се користени различни материјали и секоја е со карактеристична тематика, од цветни мотиви до интересни натписи и аплицирани сваровски кристали.

 

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Тренд