Националните обележја интегрирани во пролетните дизајнерски колекции
•
9 јануари 2014
Од богатиот колорит на Африка до ориенталниот шмек на Индија. Дизајнерите оваа година размислуваа глобално и со своите колекции за претстојната сезона пролет-лето ни обезбедија богата туристичка, временска и географска обиколка низ повеќе егзотични дестинации.
Александар Меквин ни понуди една модернизирана милитаристичка визија, Живанши во опширен фазон направи микс од обележјата на повеќе етнички заедници, а Селин преку живописните принтови го оживеа духот на Африка.