Пролетни трендови на фризури

13 јануари 2014

kosa

Освен модните трендови и трендовите за шминка за кои ви пишавме неодамна, веќе се знаат и актуелностите кога е косата во прашање.

Така, во продолжение прочитајте каква фризура е пожелно да имате следната пролет-лето сезона.

1. Изглед на мокра коса

1

Оваа фризура можеше да се види на ревиите на Гучи, Малбери, 3.1 Филип Лим. Потсетува на лето, а воедно ви е потребно многу малку време. Со малку пена за коса и фен вие ќе имате фризура од пистите.

2.Бранови

2

Уште една романтична и лесна фризура присутна на ревиите на Келвин Клајн и Диана фон Фурстенбург. Иако и во претходните споменати ревии имаме бранови, со мокар ефект, овде е спротивното, да се постигне природен и ноншалантен изглед.

3.Изразено рамна коса

3

Ако сакате рамна коса, тогаш нека биде најрамна што може. Испеглајте ја, нека има сјај, негувајте ја, и ќе имате фризура како од писта (ревии на Клое, Дона Каран, Миу Миу).

4.Ниско коњско опавче

4

Џејсон Ву, Викторија Бекам му дадоа предност на овој тренд за коса. Не мора да ги следите строги линии, нека биде уредна, но сепак не премногу стегната фризура. Нека потсетува на свежина и пролет. Одлучете се за едноставни и впечатливи украси за коса.

5. Пролетна плетенка

5

Не е важно за каква ќе се одлучите и дали ќе ја врзете ниско, околу главата, на страна, важно е да имате плетенка и таа слободно да дише...

6. Длабок патец

6

Но, не на средина, туку странично. Одвојте голем дел од косата и исчешлајте ја внимателно на страна, а потоа прицврстете ја со некој украс за коса. За ваква фризура при претставувањето на своите колекции се одлучија Стела Макартни, Џил Сандер и Мисони, па погледнете со какви модели можете да комбинирате ваква фризура.

7. „Непослушен“ боб

7

Најчесто боб фризурата ја замислуваме во строго определени линии, следејќи ги линиите на лицето, но Шанел и Марк Џејкобс предложија еден малку по див боб и не толку рамен.

8.Диско кадрици

8

Ретро изглед со кој на вашата коса ќе и дадете волумен, одличен за пролетно-летните денови. Можете да ги ставите на страна, или пак и да ги расчешлате. Изборот е ваш.

9.Украси за коса

9

Без оглед на тоа за каква фризура ќе се одлучите, украсите за коса се задолжителен моден детаљ за оваа сезона. Беа присутни и на ревиите на Долче и Габана, Роксанда Илинчиќ... Усогласете го украсот со вашиот изглед како на косата, така и на облеката и бидете во тренд.

10.Полуспуштена-полукрената коса

10

Том Форд, Џамбатиста Вали, Рошас се одлучија за малку несреден изглед за следната сезона. Фатете ја косата, но оставете одредени делови да бидат пуштени, како на фотографијата.

Објавено:
13 јануари 2014
Категорија: 
Убавина