Александар Ванг носталгичен по 1990-тите
•
14 јануари 2014
Миленикот на модната заедница, Александар Ванг, за сезона пролет-лето 2014 претставува колекција посветена на 1990-тите. Широки јакни, машки кошули, пастелни кожени ракавици, чевли со платформа, неуредна коса и маица со натпис „Parental Advisory Explicit Content“, за кој полудеа обожавателите ширум светот по социјалните мрежи, се само дел од сегментите на неговата визија.
За главно лице на кампањата е русокосата Германка Ана Еверс, која ја отвори ревијата на Ванг во Њујорк, а зад објективот е модниот фотограф Стевен Клајн.
„Сакам да ја преминувам границата помеѓу цензурата и хуморот“, изјави Ванг за светските медиуми.