Жените го земаат приматот кога во прашање е медиумското внимание и фокусот на изборот на стајлинг во гламурозниот амбиент на доделувањето на престижните Златни Глобуси, но мажите секогаш знаат позитивно да изненадат. Иако кај нив дрес-кодот е можеби поригиден, сепак докажаните брендови и стилисти точно знаат како да одиграт, па дури и кога прецизно се испочитувани правилата на соодветниот изглед, сепак внесуваат автентичен и препознатлив печат.
На овогодинешните Златни Глобуси видовме фантастични стајлинзи кај посилниот пол. Кадифени сакоа во загасити нијанси, аксесоари кои класичниот изглед го финишираа во урбан стил, машните-пеперутки беа неизбежни во формалниот изглед, но често забележувавме и вратоврски во потесни форми од вообичаените... Еве го нашиот избор: