Духот на Лондон преточен во новата пред – есенска колекција на DSquared2

15 јануари 2014

За пред есенската колекција за 2014 година, неверојатното дуо DSquared2 создаде тотално тренди и шик колекција.

Инспирацијата за одличната колекција близнаците Дин и Дан Катен ја пронашле во модните икони од 60 – тите од Лондон.

Целата колекција се состои од класични парчиња во кои дизајнерите вклучиле неверојатно тренди куси фустанчиња во интересни бои и претежно А – крој.

Покрај фустанчињата што ни оставија најголем впечаток, во колекцијата се најдоа и ултра куси, тесни здолништа со интересни дезени во комбинација со модерни палта и пелерини.

Сите комбинации што ги претстави креативното дуо се крунисани со интересни капи во стилот на лондонските полицијци.

Како дел од комбинациите се и црните хулахопки како и црните ниски чевли што совршено одговараат со сите парчиња што Дин и Дан ги создадоа за следната есен.

Уживајте во галеријата.

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Колекции