Професионалниот шминкер Џејк Бејли, кој се грижи за шминката на Сара Џесика Паркер,Кети Пери и многу други познати ѕвезди вели дека секоја жена треба да ги поседува најквалитетните основни четки за шминка. Тој советува дека сунѓерите за аплицирање пудра не треба да се употребуваат зашто апсорбираат повеќе од пудрата, а со тоа не се постигнува саканиот ефект. Бејли вели дека постапката на нанесување пудра е подобро да се изведува со прстите отколку со сунѓерче.
Според него речиси на секоја жена кога ќе се пробуди и е потребна корекција и освежување на лицето, барем во минимални количини на корективна козметика. Но, ако веќе ја имате рутината секојдневно да нанесувате шминка, тогаш потрудете се да ги имате вистинските алатки или четки. Според Џејк Бејли, квалитетните четки се главното оружје од вашите алатки за шминкање, без нив никогаш нема да го постигнете ефектот што умеат да го постигнат професионалните шминкери.
-Некои жени навистина употребуваат многу пудра преку ден. Ако сте една од тие, тогаш треба да поседувате барем 7 основни четки, за да може лицето да добие матиран изедначен изглед, објаснува Џејк.
Основна четка за пудра
Ваквата четка мора да ја имате, сигурно кога сте биле на професионално шминкање, сте забележале дека пудрата ја аплицираат на вашето лице со четка а не со сунѓерче.
Четка за коректор
Оваа четка е во суштината на шминката. Сите недостатоци сами по себе бараат поинаков пристап за корекција. Ваквата четка е токму за нив, а Бејли ве потсетува дека коректорот секогаш треба да биде во посветла нијанса од вашата кожа.
Четка за пудра во прав
И оваа четка е една од неопходните. Според Џејк, ваквата пудра не мора да ја нанесувате на целото лице. Најдобро е да ја нанесете на лицето во форма на буквата Т, односно на челото и носот. Останатите делови од лицето да изгледаат поприродно.
Четка за веѓи
Никогаш не ги затемнувајте и оцртувајте веѓите директно со молив. Првин исчешлајте ги и подобро ставете некоја темно кафена сенка која ќе ги направи вашите веѓи да изгледаат многу поприродно отколку со молив.
Средна четка за сенка за очи
Независно какви сенки нанесувате, суви или помасни ваквата четка ви е неопходна, најмногу кога мешате две бои на капакот од окото.
Мала четка за сенка
Без ваква четка нема да ги постигнете убаво исцртаните агли. Пример долниот дел на окото најубаво се дефинира со ваква четка.
Четка за усни
Бејли вели дека му е јасно за лесното нанесување на карминот директно од неговата амбалажа. Но, секогаш изгледа подобро кога е аплициран со четка за нанесување кармин.