Што да облечете денес?

20 јануари 2014

За почеток на работната недела ви предлагаме формална,елегантна и женствена комбинација од која нема да останете незабележани на работното место. Ако сте една од оние дами што преферираат елеганција, ова е добитниот стајлинг за вас. Изборот на парчињата нека биде на црно миди здолниште со висок струк, нагласено со тенок ремен во златна нијанса, блуза или кошула од црно-бели пруги и впечатливо палто со крзно. Тиркизно сините ракави од палтото на фотографијата даваат посебен печат, а доколку не поседувате слично пробајте да вметнете таква боја на аксесоари. Вака на вас имате канцелариски џек-пот. Имајте убав ден!

 

Објавено:
20 јануари 2014
Категорија: 
Тренд