Овој фустан ќе биде пролетен хит меѓу трендсетерките

31 мај 2013

За својата нова колекција пролет – лето 2013 Донатела Версаче одлучи да ги ангажира светски познатите Кејт Мос, Дарија Вербов и Џоан Смалс. Покрај професионалната кампања со бронзен предзнак и успешно сработените фотографии, дизајнерката најави дека пролетната колекција ќе биде хит. Портокаловиот фустан кој Кејт Мос го носеше на сликањето, веќе стана главна тема на муабет меѓу светските трендсетерки.

„Да имате три гламурозни икони како Кејт, Дарија и Џоан во една кампања не е лесен чекор. Но, Мерт и Маркус овој пат се надминаа самите себе си” – изјави Донатела Версаче.

Објавено:
31 мај 2013
Категорија: 
Сцена