Бунтовнички во гламурозниот панк свет на Версаче
•
27 јуни 2013
Мерт и Маркус ја лансираа новата кампања на Версаче за претстојната 2013/14 сезона, нaсловена како „Vunk –mix of the Versace and punk“. Супер моделот Кејт Мос придружувана од холандската убавица Саскија де Брау прикажаа едно поинакво рок гламурозно изненадување. Саскија е во рокенрол издание, облечена во кожни парчиња зачинета со панк стил на фризура. Кејт, пак е облечена во палто со животнски принтови, а вистински мелем за очи е сликата каде таа позира гола прикриена со чанти.