Нова кампања на „Версаче“ со Донатела и сестрите Хадид
•
31 јануари 2022
Италијанскиот бренд „Версаче“ неодамна ја презентираше новата пролетна кампања.
Заштитни лица се сестрите Хадид, Бела и Џиџи, што и не е некое изненадување. Но, она што привлече најмногу внимание е што на дел од фотографиите се појави и Донатела Версаче.
Трите позираа во креациите од последната колекција, а зад фотографиите се потпишува дуото Мерт и Маркус.
Многу колорит, во комбинација со кожа, латекс и секако препознатливите спајалици.
Погледнете како изгледаат фотографиите кои се поставени така, да изгледаат како да се на филмска Версаче лента: