Сексапил и богат колорит во зимската кампања на Версаче

2 јули 2015

Зимската кампања на италијанскиот бренд Версаче се заснова на сексапил, женственост и колорит,  што на себе го носат популарните модели Карли Клос,  Каролин Трентини и Лекси Болинг.

Нагласеното лого на брендот, интензивните бои и асиметричните кроеви ја прават препознатлива оваа колекција, која за зимската кампања ја фотографираше познатиот двоец Мерт и Маркус.

Линијата е збогатено со аксесоари, исто така во интензивни бои, како што се високите чизми над колена, високите потпетици на платформи, широките ремени со масивни токи како и накитот и чантите со логото на Версаче.

 

Објавено:
2 јули 2015
Категорија: 
Колекции