Британскиот моден совет ги објави победниците од специјалната програма

21 јануари 2014

Дизајнерите Насир Мазар, Софија Вебстер и Џеки ЈС Ли се тројцата победници според Британскиот моден совет. Овие три имиња беа вклучени во програмата „Newgen“, од која се издвојуваат како најдобри. Освен парчина, победниците добиваат и поддршка од градоначалникот на Лондон, како и полесно имплементирање во модната индустрија. Воедно со оваа објава, дизајнерите ќе ги претстават своите колекции на Лондонската модна недела во месец февруари. Прва, својата есенска колекција на 14-ти ќе ја претстави Џеки ЈС Ли како и Насир Мазар.

 

Дизајнерка на обувки Софија Вебстер ќе ја презентира колекцијата во трговскиот центар Ковент Гарден на 16-ти февруари. Каролин Раш, главниот извршен директор на Британскиот моден совет, изјавува дека сите тројца дизајнери, како и она што го работат, заслужува да добие признание што ќе им помогне понатаму да станат едни од најуспешните во модниот бизнис.

Објавено:
21 јануари 2014
Категорија: 
Актуел