Сите колекции зрачат со уникатност бидејќи секоја има своја приказна која опфаќа одредена временска епоха и етничка култура. Есенцијално во модните парчиња се токму ваквите национални обележја кои се основа за создавање на индивидуални оригинални парчиња со интересни мотиви.
Колекцијата на модниот бренд Садак за есен – зима 2014/15 година е всушност патување на темната страна на историјата и правење баланс помеѓу елементите од француската култура во 18 век и западната култура, која е тотално контрадикторна. Модните парчиња варираат во нијансите, принтовите, мотивите, формите и дизајнот, а заштитен знак се спортската елеганција и гордоста на индивидуалноста. Како за пример ќе го посочиме моделот со ликот на Марија Антоанета надополнето со уличен сленг на западната култура.
Во продолжение погледнете ја колекцијата за есен – зима 2014/15 година дизајнирана од Саша Ковачевиќ за брендот Садак која е спој на западната хип – хоп култура со француската елеганција. Вистинско уметничко дело!