Колку модни години имате?

24 јануари 2014

london14

За разлика од порано, денеска ретко на која жена можете да и ги погодите вистинските години. За тоа се „виновни“ козметичките иновативности, поинаков начин и стил на живот, и секако облеката.

Сепак, постојат и жени кои не знаејќи да ја усогласат возраста со стилот на облекување (намерно или не), се предмет на потсмев, коментирање и предрасуди.

Така, многумина велат дека 50-тите години од животот се новите триесетти. Еден од највпечатлите примери за тоа е Мадона. И покрај тоа што веќе сигурно чекори во шестата деценија, таа се уште енергично вежба по неколку часа дневно, се негува - и изгледа добро.

madona

Но, и покрај тоа што мисли дека со тоа може да го постигне изгледот од почетокот на кариерата, се лаже. Факт е дека со помош на вежбите, козметиката и интервенциите, таа изгледа помладо, дури можеби и за десет години, но бројката 30 за неа е веќе минато. Дури и претераното мускулесто тело кај жените, со изразени жили, изгледа како старечка слабост.

Со оваа тенденција се поставува прашањето, ако педесеттите се нови триесетти, аналогно на тоа, четириесетите нови дваесетти, значи ли тоа дека мајките на оваа возраст треба да купуваат две идентични комбинации - една за себе, една за ќерката тинејџерка?

Како велат, жените не треба да се прашуваат за години и не треба тоа да им се потенцира во лице, но некогаш и самите се виновни кога од себе прават „циркус“. Она што младите девојки успеваат да ги „износат“ како бунтовно и смело, со што и ја разбиваат монотонијата, има сосема поинакво значење и праќа поинаква порака, отколку кога тоа го прави жена во 40-тите или 50-тите.

Па тоа важи за Мадона која ја сакаме токму поради нејзината бунтовност, смелост, иновативност. Во ред е жената да заведува. На тоа имаме право секогаш. Но, начинот на кој ќе заведувате е поинаков во 20-тите и во 50-тите. Не морате на сите да им ги покажете градите, на пример...

Nikol

Жените со стил никогаш не заведувале потенцирајќи им го своето деколте на мажите. Хелен Мирен е еден од примерите како да се комбинира сексапилот и децентноста, како и Тилда Свинтон, Џулијан Мур, Никол Кидман, Кејт Бланшет...

Жените со стил никогаш не се откажуваат од модата, но тие не тежат кон тоа да изгледаат помладо, од една едноставна причина. Тоа е невозможно. Ниту еден хирушки зафат не може да ја направи жената во години во девојка. Секогаш ќе постои нешто што ќе ве издаде. Тие се модно упатени, елегантни, интересни, умни. Модата бара да бидете интелигентни, колку од страна некому да му изгледа површно.

Што значи да се облекувате во склад со годините, а да не се откажете од модата? Некогаш постоеја јасни модни правила, речиси како своевиден бонтон - бело и лен не се носат после септември, жените во одредена возраст не носат премногу тесни, куси и деколтирани фустани. Сепак, не сите правила се поврзани со годините, а постои и една мисла на Брумел, која подоцна ја презема и Коко Шанел која вели: Оние кои ви се смеат поради вашата облека, секогаш се во право.

london10

Она што е впечатливо, нападно и предизвикува потсмев, никогаш не е елегантно. Хелени Картер еднаш на црвениот килим се појави облечена во неуредни слоеви на тул и свила, како викторијанска уличарка. Без оглед на тоа што негува имиџ и ставови на ексцентрична Англичанка, критиките тешко и паднаа. Сепак, никој не сака да биде исмејуван.

Младите девојки можеби би кажале: „Што ми е гајле, нека се смее кој сака“ и тоа е точно. Кога си млад, елеганцијата не е она кон што треба да се тежнее, но кога ќе се премине 40-тата година од животот, па дури и 30-тата, стил станува се.

Тој  диференцира од вулгарното, а и е време кога вистинскиот маж се задржува со умот, способноста за вистинска врска, емоција, интима, уредност... Во текот на бунтовната младост, добро е да се експериментира со стиловите, за подоцна со текот на годините да го изградиме својот.

tumblr_megh3a5yqV1qf5xwjo1_500

Како да се избегнат најголемите модни заблуди поврзани со годините? Како да се усогласи модата со годините и постојат ли правила кои треба да се следат? Ова се најчестите модни правила кои велат: после 30-тите и 40-тите тренди облеката да се сведе на минимум, како и неструкираната и вреќаста облека. Никогаш не го носете она што го носат тинејџерките, ништо што премногу ги открива облините и кожата.

Сепак и секое правило има исклучок. Но, на крајот се се сведува на тоа дека младите не треба да трчаат пред годините и да се прават повозрасни и обратно. Возрасните на сила да си ја враќаат младоста. Се во свое време, и секое време има своја убавина. Треба само да знаеме да ја истакнеме и да живееме со неа.

Објавено:
24 јануари 2014
Категорија: 
Стории