Пролетниот изглед на женските „W“ VS студената елеганција на машките чанти на Луј Витон

23 јануари 2014

 

Модната куќа Луј Витон секогаш знае како да ги изненади и воодушеви своите фанови и клиенти кога се формите на моделите или комбинациите на бои и дезени во прашање, а особено кога станува збор за чантите со препознатливото лого на етикетата. Во јули, 2013 година дизајнерскиот тим на модната куќа создаде збирка на чанти кои за основа ја имаа „ W“ формата, по чиј облик и чантата си го доби своето име.

 

 

За актуелната сезона пролет-лето 2014 година Луј Виотн одлучи истиот модел на чанта повторно да го земе како модерен и иновативен пример, па така тимот создаде нов склоп на дезени и микс на бои. Низ целата линија темно кафената или чоколадната нијанса доминира, но има и модели кои целосно ја најавуваат пролетта преку колоритните нијанси на неонските бои и колор блок принтовите. Чантите се изработени од најквалитетна кожа, а уште една предност е што обезбедуваат повеќе простор, па може да се користат и како патнички торби на кратки дестинации. Покрај кратките рачки секој модел вклучува и долга рачка за на рамо, а чантата е достапна во две големини.

 

 

Меѓутоа модниот бренд не мислеше само на жените, туку реши да ги задоволи и модните вкусови на мажите. Модните додатоци за мажи кои беа промовирани пред една недела во Париз како дел од колекцијата за есен-зима 2014/15 се веќе во продажба во сите продавници на оваа етикета. Линијата носи наслов „Damier Cobalt“ и е наменета за сите мажи кои имаат храброст да и се спротивстават на женската елеганција и чувство за слобода во секојдневните модни трансформации. Патнички куфери и чанти, паричници, торби, чанти за на рамо, футроли за чување картички и клучеви, се само дел од моделите и дизајните кои се најдоа на менито за најпосакувани најмодерни за наредната студена сезона.

 

 

Во продолжение погледнете ги двете колекции:

 

Објавено:
23 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци