Како да го сокриете вишокот од половината

25 јануари 2014

376173-waist-measure

Дел од телото на кој жените посебно се осетливи е оној околу стомакот и половинта. Собраните масни наслаги со текот на времето ја менуваат формата на овој дел од телото, кои народот кај нас ги нарекува „спојлери“.

Но, за среќа постојат модни „трикови“ со помош на кои можете да го сокриете тој недостаток, а притоа и да бидете тренди.

1. Панталони со висок струк 

pantaloni

-Панталоните на кои половината им досега до папакот се идеални за прикривање на вишокот и држење на истиот под контрола. Во овој случај со погоден крој на панталони полесно е да се комбинира горниот дел од облеката, кој не мора да биде широк. Така, струкирано сако или блуза се носат без страв.

2.Јакна со рамен крој

2

Парче со кое ќе бидете во тренд а притоа и среќно ќе го „камуфлирате“ недостатокот се јакните со памен крој. Добри се затоа што не се „припиени“ до телото, а должината е под колковите. Овој паметен избор можете да го комбинирате со здолништа и панталони со висок струк.

3.Фустани со дијагонални линии

_7225974

Дијагонално поставени линии во принтот, рабовите или боите совршено ги сокриваат „спојлерите“ и го оттргнуваат вниманието од критичната точка на телото. Играта со деталите како „јазол“ во пределот на стомакот или фустан на преклоп се исто така добар избор.

4.Здолниште со набори

suknja

Здолништата со повисок струк кои се шират во фалти или набори го сокриваат делот околу стомакот кој не и ласка на вашата фризура и сосема се губи под материјалот. За женствен изглед, можете да го комбинирате со тесна или транспарентна блуза.

5.Пеплум крој

Карнерот сместе над половината е детаљ кој ќе го направи вашиот стомак совршен. Пеплумот стана дел од гардероберот на речиси секоја жена, затоа што го олеснува изборот на облека која ги сокрива недостатоците, а добар е и за дневни и вечерни варијанти.

6.Капут во А-крој

6

Кројот на капут со чисти линии, кој од делот на градите па надолу лесно се шири, визуелно ќе ја издолжи вашата фигура и ќе ги сокрие малите недостатоци околу стомакот и половината.

7. Блуза со нагласени раменици

outfit_day_10_3_pendrell_blouse_close_up__19894.1382475426.1280.1280

Оттргнувањето на вниманието од критичната точка е најлесно да се изведе со нагласување на друг дел од телото. Блузите со рамен крој со истакнати детали на рамениците, наместо обична јака, ќе ви направат услуга, па повеќе ќе ве гледаат горе, отколку во делот на стомакот.

Објавено:
25 јануари 2014
Категорија: 
Направи сам