Ен Хатавеј ја прекина соработката со Рејчел Зое по цели 10 години

29 јануари 2014

По 10 години успешна соработка актерката Ен Хатавеј ја заменува својата стилистка Рејчел Зое со нејзината најголема конкурентка Пени Ловел.

Во нивната долгогодишна соработка тие имаа некои навистина тренди моменти поради кои Ен остана запаметена како една од најстилските актерки, но имаа и заеднички модни промашувања како на пример Прада фустанот што актерката го носеше на минатогодишните Оскари, а во кои без проблем можеа да и се видат некои од интимните делови.

„Рејчел и Ен моментно не работат заедно. Ен сака да проба нешто сосема ново на неопределено време“, изјавил извор за E! News.

Она „нешто ново“ очигледно е новиот стилист на актерката, односно ривалката на Рејчел Зое, Пени Ловел.

Првото појавување на актерката стилизирано од Пени беше она на Санденс филмскиот фестивал, каде таа се појави во темно зелен машки костим во комбинација со црна маичка и интересни детали.

Во меѓувреме, Зое има полни раце работа со останатите ѕвезди кои сѐ уште го бараат нејзиното мислење како Џенифер Лоренс, Софиа Вергара, Џенифер Гарнер и Ајла Фишер.

Објавено:
29 јануари 2014
Категорија: 
Актуел