Контроверзни и забранети модни реклами

3 јуни 2013

Од шишето парфем меѓу нозете на Дакота Фенинг до разголената Софи Дал во рекламата за Opium на Ив Сен Лоран, ова се фотографиите поради кои некои модни и козметички компании мораа да ги забранат своите рекламни кампањи.

 

Рекламата на брендот Миу Миу во која актерката Хејли Стајнефд седи на железничка пруга беше прогласена за неодговорна

Според модната куќа Прада, сестринската фирма на Миу Миу, кампањата е базирана на сцени од имагинарен филм, а фотографиите на кои 14-годишната актерка седи на пруга и ги брише солзите од своите очи се сметаат за крајно неодговорни, бидејќи наводно ја загрозуваат безбедноста на малолетно девојче.

 

Дакота Фенинг се смее на забраната на нејзината реклама за парфем на Марк Џејкобс 

Опишувајќи го својот парфем Oh, Lola! како „сензуален“ и „мирис што повеќе асоцира на Лолита отколку на Лола", рекламата на Марк Џејкобс беше забранета поради портретот на тогаш 17-годишниот актерка Дакота Фенинг на која таа држи огромно парфемско шише меѓу нејзините нозе. Две години подоцна Дакота се смее на забраната на фотографијата и на фактот дека таа е прогласена за неодговорна во сексуален манир.

 

Рекламата за долна облека на брендот Маркс и Спенсер е забранета поради преголемиот сексуален контекст 

Според стандардите на британската агенција за контрола на рекламниот пазар, рекламата со манекенка која лежи на кревет со раширени нозе, се смета за „општествено неодговорна“.

 

Во Австралија симнати се билбордите на Келвин Клајн 

Откако до австралиската агенција за контрола на рекламниот простор биле испратени преку 100 жалби од граѓани поради сексуалните фотографии од кампањата на Келвин Клајн (на кои манекенкатата Лара Стоун е меѓу разголеми момци), сите билборди на модниот бренд во Сиднеј и во Мелбурн беа отстранети.

 

Забранета е рекламата за маскара на Римел 

Спорниот момент кај оваа рекламна кампања во која се појавува манекенктата Џорџија Меј Џегер е тоа што се употребени вештачки трепки што според закон е забрането, бидејќи на тој начин компанијата лажно ја наведува публиката за веродостојноста на производот. Во случајов лажно ве наведува дека ако ја употребувата оваа маскарата ќе добиете густи трепки.

 

Вулгарната реклама за чевлите на Брајан Атвуд забранета дури и во неговиот бутик

 

Дизајнерот на чевли мораше да ги отстрани секси рекламите од излогот на сопствената продавница на авенијата Медисон во Њујорк, откако се побуниле сопствениците на зградата во која е сместен бутикот. Несоодветната реклама ја прикажува манекенката Кендис Свонепол во провокативна поза во друштво на двајца голи мажи.

 

Контровезната реклама за парфемот Оpium на Ив Сен Лоран предизвика медиумска бура

А можеби и тоа беше намерата на Том Форд, кој во периодот кога ја нарача рекламата беше свежо именуван за креативен директор на славната париска модна куќа. Со рекламата со голата Софи Дал фотографирана од страна на Стивен Мајзел, Форд сакаше тогаш слабиот бренд да го врати на светската модна мапа и во исто време да оддаде омаж на историјата на сексуални провокации и темата за женската слобода што куќата со години ги промовираше. Рекламата доби скоро 1000 жалби, но и голем публицитет.

 

Забранета и рекламата за Диоровата маскара со Натали Портман  во главна улога

Уште една козметичка кампања забранета поради лажно промовирање на производ. Критикувани дека претерале со фотошоп-ефектите, Диор се огласи дека ретуширањето на фотографијата сепак е минимално.

 

Контроверзниот моден момент на Гучи

Кога во 2004 година Том Форд, тогашниот дизајнер на Гучи, и Карин Ројтфелд, славната уредничка на француски Вог, ја фотографираа рекламата за брендот, упорно чекаа да ја направаат онаа иконска слика која ќе ја дефинира целата кампања... По неколку часа работа Ројтфелд предлага радикален чекор – на срамните влакна на манекенката Кармен Кас да ја избричат буквата G! Така се раѓа една од најконтроверзните фотографии во модната индустрија. Форд и Ројтфелд тврдат дека никогаш немале намера да ја деградираат жената преку овој имиџ...

 

Брендот American Apparel редовно шокира со своите реклами

Основачот на овој американски моден бренд Дов Чарни е озлогласен во овој сегмент. Редовно креира контроверзни реклами со разголени девојчиња и момчиња, редовно е казнуван, ама тоа не го спречува да си тера по свое.

 

 

Објавено:
3 јуни 2013
Категорија: 
Стории