Да не се манекенки, би биле...докторки!?

30 јануари 2014

Можеби ќе биде тешко за вас да поверувате дека некои од најдобро платените модели на светот, некогаш посакувале сосема поинаква кариера од онаа што ја имаат во моментов.

Доколку не сте знаеле, интересен е фактот дека многу од светски познатите манекенки и топ модели некогаш во животот се откажале од докторски или академски кариери, само заради блесокот на модните писти, бројните едиторијали и насловните на Вог.

Во продолжение погледнете некои од светските манекенки кои што имале сосема поинакви планови за себе, најголемиот дел од нив - докторски!

Адриана Лима

Кога во 2006 година новинарите ја прашаа дали отсекогаш сакала да биде манекенка, таа призна дека имала малку поинакви желби за себе.

„Кога почнав да се занимавам со ова, бев премногу млада за да знам што сакам. Но, ако ме прашувате денеска, би сакала да станев докторка. Би сакала да бев педијатар“, вели манекенката која денеска има две деца, успешна кариера и сопруг од соништата.

Карли Клос

Оваа прекрасна манекенка сакала да студира на Харвард и тоа ни повеќе ни помалку туку медицина.

„Отсекогаш ме интересираше медицината. Мојот татко е доктор во Ургентен центар. Тајра Бенкс беше издржлива во својата желба. Таа студираше на Харвард. Посакувам и јас да го сторам тоа“, вели младата Карли.

Линдзи Елингсон

Ангелот на „Викторија Сикрет“ призна за британскиот Вог дека одлучила дека ќе биде докторка уште кога имала 13 години, веднаш откако и направиле операција на половината.

„Откако операцијата помина успешно, помислив дека и јас сакам да го правам тоа. Сакам да им помагам на луѓето на овој начин. Навистина бев добра во математика и во науките, дури се запишав и на курс по биологија на калифорнискиот универзитет. Но, животот ме однесе во Париз“, вели Линдзи.

Кара Делевињ

Таа е секогаш своја и поинаква, па така не мечтаела да биде обичен доктор, туку стоматолог.

„Имав некоја чудна опсесија со стоматологијата и секогаш сакав да си гледам и чепкам во устата. Чудно!“, изјави неодамна една од најбараните манекенки во моментов, Кара Делевињ.

Бехати Принсло

Ако помисливте дека ангелот на „Викторија Сикрет“ и идната сопруга на Адам Левин е задоволна со својот живот, грешите! Таа сѐ уште ја има огромната желба да стане морски биолог и да живее на Хаваите. Тоа воопшто не звучи лошо!

Џоан Смолс

Црномурестата убавица неодамна призна дека би била психолог да не е модел. Всушност, таа и има диплома по психологија, а истата ја добила на факултетот во Пуерто Рико пред да се пресели во Њујорк.

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Сцена