Највпечатливите венчални фустани од Високата мода за 2014

31 јануари 2014

Неделата на Висока мода во Париз заврши, но во сеќавање се уште останаа креациите. За невестите кои го бараат фустанот од соништата може да биде инспирација за модел, детаљ...

Диор

dior_2801345a

Диор претстави една нова и поинаква венчаница. Наместо фустан од сатен, или шифон, тој волуменозноста ја постигна со правење латици од рабовите на материјалот. Она што ја прави оваа венчаница уште повеќе посебна е тоа што секоја од латиците е украсена со бисери, така што доколку би ја носеле, би носеле вистинско богатство на себе. Интересно, ново, а сепак нежно и „невестински“.

Шанел

chanel-getty_2801486a

Нема кој не ја запамети ревијата на Шанел. Сите во фокусот ги ставија патиките, кои беа искомбинирани со свечени парчиња. Но, посебноста на Шанел не е само во тоа. Овој фустан конкретно, за кој многумина би кажале дека потсетува на ноќница, е токму она што Шанел отсекогаш сака да го прикаже - едноставно, а сепак вредно. Во фустан од овој тип можете да се движите лесно, а додатокот на глава е секако ваш избор.

Ели Саб

bridal-saab_2799038a

Ели Саб остана доследен на неговата естетика и материјали. Тантелата е повторно присутна. Ова е потсетување дека венчалниот фустан не мора да е строго бел. Романтичност е во преден план, па овој венчален фустан е совршен за сите оние што сонувале да бидат Дизни принцези.

Валентино

bride_2799729a

Валентино, познат по везовите, создаде фустан, кој на прва рака многумина го потценуваат, а во суштина е сложен. Оваа креација е класична, но безвременска и многу од идните невести се замислуваат токму во нешто вакво.

Алекси Мабил

alexis-epa_2801482a

Секси, елегантно и софистицирано е она што го претставува овој фустан на Алекси Мабил. Ја следи линијата на телото и е совршен за оние што сакаат малку да отстапат од стандардните, балски венчални фустани.

Џорџ Хобејка

GEORGES-HOBEIKA-x_2801489a

Дводелна венчаница е секако нешто ново, урбано, тренди. Одлична идеја за сите похрабри идни невести, што сакаат да излезат од стереотипниот шаблон. Не само што има топ и долго здолниште, туку и двете парчиња се изработени од различни материјали и во поинакви нијанси.

Шарлот Лиша

charlotte-licha-af_2801484a

Нема потреба да коментираме колку е скап овој фустан. Како и да е, ваквите фустани се наменети за оние девојки и жени што навистина сакаат да бидат кралици на овој ден. Или макар за оние што можат да си го исполнат сонот. Но, останатите ништо не ги спречува да уживаат во раскошноста на фустанот.

Скјапарели

bridal-BLOG_2796307a

Невестите што повеќе го практикуваат и сакаат машкиот стил, веројатно ќе бидат пријатно изненадени од креацијата на Скјапарели. Сепак, велот е задолжителен елемент, со кој се нагласува женскиот елемент и посебниот ден.

Објавено:
31 јануари 2014
Категорија: 
Бела соба