Бела боја на црвениот килим

31 јануари 2014

Сезонава, голем дел од светски познатите диви за гламурозните настани постојано одбираа тоалети или костими во бела боја. А и тоа воопшто не треба да не чуди со оглед на тоа што белата боја е синоним за светлина, добрина, невиност, чистина и невиност. Според многумина, се смета дека тоа е бојата на совршенството.

Белата боја претставува успешен почеток и нова страница во животот. Можеби токму тоа и сакаа да ни го прикажат многубројните ѕвезди оваа сезона. Познато е дека белата боја кај облеката е синоним за силна привлечност и срамежливост кај оние што ја носат. Истата е многу привлечна за мажите бидејќи се смета дека таа симболизира огромна самодоверба кај жените.

Една од највпечатливите ѕвезди на црвениот килим кои се појавија во бели тоалети беше Лејди Гага која изгледаше одлично во креација од дизајнерката Алексис Мабил на настанот MusiCares Person of the Year event 2014.

Раперката Иги Азалеа беше уште една од познатите девојки кои одбраа бела боја за холивудските настани. Иако сме навикнати да ја гледаме во поинакво светло, оваа девојка изгледаше сосема нежно и романтично во белата тоалета на Ели Саб на овогодинешните Греми награди.

Кралицата на поп музиката Мадона на сцената на Греми наградите се појави во одличен бел костим во кој изгледаше ултра модерно. Овој костим на Ралф Лорен во бела боја уште еднаш покажа дека годините ништо не и можат на 55 – годишната Мадона.

Зарем има потреба да ја коментираме оваа дива? Освен фризурата за која доби повеќе негативни отколку позитивни коментари, мора да признаеме дека Бијонсе на овогодинешните Греми награди изгледаше како божица во оваа тоалета на Мајк Костело.

Џесика Алба изгледаше едноставно неверојатно и ултра секси во белиот фустан до колена на Џејсон Ву на People Choice Awards на црвениот килим.

Младата и прекрасна Џенифер Лоренс на црвениот килим на наградите Златен глобус се појави во бел фустан на Диор и иако предизвика многу негативни коментари и шеги на нејзина сметка, сепак невозможно е да се избегне фактот дека таа изгледаше тотално нежно и романтично.

Дека годините не и можат ништо на Џулијан Мур покажа и белиот совршен фустан што одлично и прилегаше на фигурата а кој таа го носеше на една од премиерите на нејзиниот последен филм „Кери“.

Покрај овие прекрасни дами, имаше и уште многу други кои само ни најавија дека 2014 ќе биде и година на белата боја, а не само на виолетовата.

Објавено:
31 јануари 2014
Категорија: 
Сцена