Нови кармини од Estée Lauder што секоја жена ќе ги посака

1 февруари 2014

Estee-Lauder-Spring-2014-Pure-Color-Envy-Sculpting-Lipstick

Козметичкиот бренд Estée Lauder ја претстави линијата кармини наречена „Pure color envy sculpting lipstick“, која се состои од 20 богати нијанси на хидратантна формула, а на вашите усни ќе се задржи дури шест часа.

Инспириран од модерната архитектура, карминот е претставен во елеганта, нова опаковка, во препознатливата темносина и златна боја. Интересно е дека ова е првиот нов дизајн на опаковка на карминот Estee Lauder уште од 1992 година.

hbz-estee-lauder-article-lg-790x444

Формулата на лесна, но кремаста текстура, содржи ексклузивен комплекс со хијалурска киселина и пигменти кои заедно создаваат хибрид од силни бои. Токму за боите, американската компанија тврди дека се вистински новитет на пазарот. Исто така, додаваат дека со нивниот кармин, молив за усни нема да ви биде потребен.

estee-lauder-pure-color-envy-sculpting-lipsticks-2014_p2

 

Објавено:
1 февруари 2014
Категорија: 
Убавина