Актерката Хелен Мирен е доказ дека годините не се ништо друго само обична бројка и дека е важно да се негува младешкиот дух. Секогаш средена од глава од пети, глумицата не потфрли и овој пат кога се појави во долг фустан од тантела во црвена нијанса од Долче и Габана, надополнето со накит, односно обетки крстови и синџир околу струкот исто така со крст.

За разлика од неа, Рита Ора за настапот на хуманитарен настан неколку дена по Хелен се појави во истата креација,но во посексипилна верзија без здолниште. Изгледот го надополни со црвени чевли и ѓердан со крст.

Според вас, која од овие две дами изгледа подобро во креација на Долче и Габана?

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Стилски двобој