Нагласен колорит во новата есенска колекција на Алтузара

11 февруари 2014

Во колекциите на Џозеф Алтузара обично не можеме да видиме многу боја. Но, тоа не беше случај со неговата нова колекција за есен 2014, во која тој ги собра сите бои на светот.

Сите комбинации на бои во парчињата беа апсолутно умешно направени од страна на дизајнерот, со кои како што тој посочи, сакаше да создаде една забавна и самоуверена слободна девојка.

Па така, тој на единствен начин ги спои сивата со интензивната розова, темно сината со кралско сината, портокаловата и розовата и уште голем број на бои за кои не сте помислувале дека одат одлично во комбинација.

Парчињата што ја отворија колекцијата беа зимските капути во свежи бои, помалку несвојствени за есента, но неверојатно прекрасни.

Покрај колоритните зимски палта, дизајнерот претстави одлични фустани што ја следеа линијата на женското тело, но и такви со реси и сосема разиграни.

Крајниот заклучок е дека целата есенска колекција изгледаше сосема забавно и разиграно, помалку луксузно и секако елегантно. За следната сезона, дизајнерот ја открива забавната страна на жената и дефинитивно ги прави подостапни за мажите!

Објавено:
11 февруари 2014
Категорија: 
Колекции